Во времето кога рабоtела, во викторијанска Англија, невенчаните мајки биле отфрлани од општеството. Заради тоа се обраќале кај „фармери со бебиња“, за тајно да најдат родители што би ги посвоиле нивните новороденчиња и Дајер била меѓу тие што нуделе вакви услуги.
Хоророт е во тоа што наместо да ги препраќа бебињата кај парови што сакаат да посвојат, Дајер само ги убивала и си ги собирала парите.
Дрско ги рекламирала своите услуги во весници. Во еден оглас вели:
„Брачен пар без деца сака да посвои здраво дете, за во фин селски дом. Услуга - 10 фунти.“
И кога ќе ги соберела парите, или ги оставала да изгладнат, или ги давела, или ги труела со опијат со језиво име - Mother’s Friend.
На почетокот на кариерата тврдела дека чува деца, па потоа ја пријавувала смртта кај иследник. Кога иследникот се посомневал поради бројот на смртни случаи меѓу штитениците на Дајер, ја осудиле на шест месеци затвор заради негрижа.
Кога излегла од затвор, избегнувала да бара умреници и почнала едноставно да ги фрла жртвите во Темза. Телото на едно бебе извадено од реката било со лента цврсто врзана околу вратот и документите околу телото ја довеле полицијата до Дајер.
На 22 мај 1896, Амелија Дајер (арно им текна) ја прогласиле за виновна, а на 10 јуни ја обесиле во затворот Њугејт. Не е познато колку животи има земено, но поради неа почнале да се отвораат официјални установи каде што немажените мајки можеле безбедно да ги остават децата на посвојување.
Има и документарец: