Е сега, кај е проблемот:
Публиката беше релативно незадоволна уште кога се најави дека Блејк Лајвли ќе го игра саканиот главен лик - Лили Блум. Тоа им помина, па со душа го чекаа филмот, додека не почна и официјалната ПР кампања, каде што будните очи на опседнатите со селебрити-драма, почнаа да забележуваат ситници од типот - цела екипа го отследила режисерот (и главен глумец), Лајвли е несериозна за време на кампањата - си промовира свои брендови, публиката ја кани со „облечете цветно и розево“ како да ги вика на „Барби“, а не на филм што може да им биде тригер на еден куп жртви на семејно насилство и општо се однесува како да ќе гледаме романтична комедија, а не драма. Капак - Рајан Рејнолдс се вмешал во сценариото, па сега и него и Лајвли ги гледаат како безобразна power couple што си го прибира филмот како да се само они заслужни.
Од друга страна, режисерот Џастин Балдони (истовремено и продуцент и главна машка улога) се однесува поприбрано - во секоја прилика фрла светло на опасностите на семејното насилство и поддршката за жените кои се жртви, се повлекува од било какви конфликти и она што им се чини најинтригантно на тие што следат - го најми ПР-от што Џони Деп го имаше за време на судењето со Амбер Херд.
Ако ви се трачари, еве: