Нискоинтелигентната и ограничена личност е многу често зла. Се случува некој бавно да размислува, да нема добро образование, да не чита, малку комуницира, слабо памти, а да е љубезен и сочувствителен. Ова можеби е необразована личност, но не значи нужно дека има низок коефициент на интелигенција. Можеби само има слаба меморија. Но, ако е љубезен, не е нискоинтелигентен.
Знаци на ментална ограниченост постојат - oпишани се во учебници за психијатрија. Руските психијатри Ганушкин и Токарски тапоста и ограниченоста ја сметале за опасна девијација. Менталната ограниченост не е воопшто безопасна, особено ако таквата личност е активна и има моќ над другите - oграничената личност обично и мисли дека има моќ. И мисли дека има право да се меша во сè, да изнесува мислење и да ги крши сите замисливи граници.
Кои се знаците на ниската интелигенција и менталната ограниченост?
1. Личноста не се сомнева и не ги испитува нештата. Потполно е сигурна дека има право да зборува и мисли што сака, затоа што смета дека ја знае вистината. Реалната вистина за нив е „Глупости!“ Тоа се тие луѓе што под било кој текст, па и најинтелектуалниот ќе го напишат тој збор. И во секој разговор ќе го користат, за да го означат тоа што не го разбираат.
Нискоинтелигентните луѓе често се сметаат себеси за паметни и сезнајни, а сè останато им е бесмислица - уметничкото дело на некој гениј е бесмислица. Нечија поезија им е бесмислица. Откритијата на квантната физика им се бесмислици.
„Нискоинтелигентната личност која малку забележува, верува дека сè има воочено и се смета за сопственик на вистината,“ пишува Токарски, „а притоа не разбира ни како функционира сомнежот.“
2. Нискоинтелигентната личност не разбира иронија. Безопасен хумор им е несфатлив. Но, будалата разбира шеги! На пример, некој изгубил панталони и трча без нив наоколу - како е тоа урнебесно! Или кловн на друг кловн му фрла торта во лице. Да се убиеш од смеење! Сè што е посложено од ова на нискоинтелигентната личност ѝ е вон дофат. Иронијата е надвор од нивното разбирање.
3. За нискоинтелигентен човек постојат нешта кои не смеат да се зборуваат и да се прават. Постојат забранети работи. Забрането е ноќе да се дереш и да тропаш по комшии, но ако избие пожар тоа е неопходно - ова нискоинтелигентниот не може да го разбере и сè прави случајно. И нанесува голема штета со своите (наизглед) невини постапки.
4. Нискоинтелигентната личност, според психијатрите, не е морално созреана. Таквата личност на пример оправдува злоставувачи и мачители. Таквите за жена-жртва на семејно насилство ќе кажат дека се однесувала лошо, па го заслужила тоа што ѝ се случува, или ќе речат, грубо одговорила. Грубоста е лоша, а „кутриот злотвор“ морал некако да реагира, па ја удрил.
Или во случај некој да малтретира животни, како кучиња на пример - тоа го оправдуваат. Кучињата гризат луѓе, нели? А тие што ги штитат кучињата, мораат да бидат казнети. Нема врска што баш тоа куче никого каснало - други касаат. Значи, според нискоинтелигентните, мора да се разбере тој што мачи кучиња и да не се вознемирува со напаѓање.
Резонирањето на будалите може да ве излуди. Нема поента да се расправате со нив. Но, ако внимателно погледнете, постои една тенденција: Будалата секогаш го оправдува злото.
Нискоинтелигентната личност е секогаш неоправдано лута, нема емпатија, не знае правилно да комуницира, ниту да резонира.
5. Нема критичко размислување. Може да пишува просечни, монструозни песни и да ги чита пред другите. Не се работи за лошата поезија, се работи за самодовербата на нискоинтелигентната личност - таа не се сомнева во себе - смета дека е најбрилијантна.
6. Нискоинтелигентната личност е со затворен ум и тесни хоризонти. Не разбира цитати, алузии, нема за што да се зборува со таков човек. Чувството после разговор со него е како да си цепел дрва со часови… Иако може да ви тврди дека чита „научни книги“ или „современи романи“. Но, ништо духовно и возвишено не разбира.
Сè повеќе има ментално ограничени луѓе. Тоа секогаш се случува во очи на сериозните промени во животот на човештвото. Против глупоста мораме да се бориме - не со глупите, туку со самата глупост. Не се препуштајте на оваа болест; некои научници ја сметаат и за болест, и тоа заразна.
Читајте класици. Комуницирајте со интересни луѓе; научете се да не пишувате веднаш: „Не се согласувам!“ или „Глупости!“ - прво задлабочете се во зборовите на оној кој пишува. Погледнете слика од стари мајстори. Сакајте ја природата. Повикајте се на народната мудрост и зборовите на мудреци од историјата. И правете добри дела. Ова е превенција и заштита од глупост.
И немојте да разговарате со глупи луѓе. Ништо нема да докажете, а ќе се озрачите и ќе се уморите од бесплодниот разговор и обид. И запаметете - не се работи за образование, иако е и тоа важно и вредно. Вистинската интелигенција е во срцето. И тоа веднаш се чувствува.