Пораката зад „Лет над кукавичкото гнездо“

„Лет над кукавичкото гнездо“ не е само филм, туку удар по системот.

Ренди Марфи, ликот на Џек Николсон мисли дека го прешол системот со тоа што ќе лажира лудило за да избегне затвор. Сепак, наместо да помине лесно, влегува во ментална институција каде што започнува реално лудило.

Не се работи само за грижа за пациенти со ментални болести - се работи за контрола. Сестрата Рачед, ледената кралица на одделот, го води како диктатор, манипулирајќи и притискајќи ги пациентите под изговор дека се работи за „терапија“. Не е само сестра; симбол е на опресивните сили на општеството што по секоја цена се трудат да ги поттиснат индивидуалноста и слободата.

Мекмарфи со фраерлукот и отпорот, претставува бунт. Токму тој се бори и одвраќа и одбида да биде скршен од системот. Во текот на целиот филм ги инспирира другите пациенти да си ги најдат гласовите исилата. Сепак, систем не се крши така лесно, а битката на Мекмарфи доаѓа со висока цена.

Крајот е и трагичен и моќен истовремено. Мекмарфи добива лоботомија - практично го претвора во растение истиот тој систем што сака да го прејде. Како да сакаат да кажат „Сакаш да си слободен? Еве колку чини тоа.“ Но, дури и во тој мрачен момент, постои зрак надеж - Бромден, пациентот што се преправаше дека е нем, наоѓа храброст да избега. Победата е симболична и покажува дека дури и кога системот пробува да те скрши, човечкиот дух наоѓа начин да се издигне.

Пораката на филмот? Брутален коментар на начинот на кој општеството ги крши тие што не сакаат да се покорат. Но, истовремено покажува дека битката за слобода, колку и да е тешка, секогаш вреди… Макар и дошола по ужасна цена.

20 август 2024 - 17:27