Сте чуле ли за мистериозниот тинејџер од Нирнберг?

На 26 мај, 1828, несреден и наизглед збунет тинејџер го нашле како лута по плоштадот во Нирнберг, Германија. Немал никаква идентификација кај себе и тврдел дека не знае ништо за себе освен името - Каспар Хаусер. Со него имал две писма што давале по некоја информација за неговото минато.

Првото писмо го имал напишано човек што го имал најдено и се обидел да го израсне, а адресирано било до капетанот на војската, со барање да го прибере Хаусер. Второто писмо веројатно го напишала мајка му - дека татко му е починат, а таа не може да се грижи за него.

Иако Хаусер прво не знаел да чита и да пишува, за неколку недели успеал во двете работи и почнал да ја споделува својата приказна.

Напишал автобиографија, каде што раскажал за неговото чудно детство, тврдејќи дека го чувале во мала, темна соба каде што спиел на слама и го хранеле луѓе што не ги познавал. Во следните неколку години постојано зборувал на темата и често имал дупки во приказната. Неколку пати тврдел и дека бил нападнат, иако околностите баш и не дозволувале да му се верува докрај.

Во 1833 Хаусер го убиле, но сепак славата продолжила да му расте. Ако навистина бил малтретирано дете што го држеле во мрачна изолација, зошто немал физички недостатоци, барем од неухранетост? Писмата што ги носел се сметало дека се фалсификувани, а наводните обиди некој да го убие во најдобар случај биле трапави. Многумина верувале дека и самиот се избодел за слава, ама претерал и се убил.

За Хаусер и неговото потекло продолжиле да се нижат шпекулации - некои тврделе дека е наследник на трон и го оттргнале сплеткароши. Без разлика на реалното потекло, приказната на Хаусер послужила и како делумна инспирација за „Човекот со железната маска“ и продолжува и понатаму да предизвикува дебати за идентитетот на чудното дете.

Има и психолошка состојба што го носи неговото име - Каспар Хаусер синдром - психосоцијална недораснатост, каде што се јавува физичка, интелектуална и социјална пречка поради злоупотреба на дете.

23 август 2024 - 09:40