Версај немал тоалети. Во средниот век немале ни четки за заби, ни парфеми, ни дезодоранси, а тоалетна хартија па ич. Човечки измет фрлале од прозор. Во вакви услови, на празници, Версај требало да прима и по 1500 луѓе.
На филмови често ги гледаме со лепези, меѓутоа не е затоа што им е жешко - околу нив се шири ужасна смрдеа што доаѓа од под сукњите. Не било вообичаено ни туширање поради ладното и поради тоа што чешми речиси и да не постоеле. Само благородниците имале лакеи да ги мавтаат со лепези и колку-толку да го ублажат мирисот што се ширел од устите и телото.
Тие што биле во Версај и се воодушевувале на прекрасните градини, всушност се сликаат со некогашни тоалети затоа што денешни купатила немало.
Повеќето свадби се случувале во јуни затоа што е почеток на летото. Причината била едноставна - првото бањање за годината се правело во мај, па во јуни сè уште можела да се толерира смрдеата. Сепак, со оглед на тоа што проблемите настануваат веќе еден ден по бањањето, невестите носеле букети со себе, во обид да замаскираат барем нешто.
Кога бирате цвеќиња за украсување на целата просторија каде што ќе се одржува свадбата? Е па, вашите гости може доаѓаат избањати, ама размислете зошто би им требале купишта и купишта цвеќиња пред неколку века. Тоа се стотици и стотици неизбањати мажи и жени што уште не виделе тоалетна хартија и не гледаат проблем во бањање два пати годишно. Каков незамислив хорор е тоа!
Патем, бањањето било во една када, за цело семејство, и може ќе ви се чини непроблематично, пошто и вие дома имате една када, ама овде има твист - водата не се менува!
Значи најстариот член ја има таа привилегија да се избања во чистата вода прв, а по него во истата вода влегуваат по важност и старост останатите членови. Додека да дошле бебињата на ред, водата била толку језива, што бебе можело и да загине од неа.
Понатаму, тие со пари можеле да си дозволат метални садови. Некои типови храна ги оксидирале таквите садови, па еден куп умирале од труења. Заради ова се мислело дека доматите се отровни, а проблем си правеле и со чаши од тенеќе и алкохол, што пак во комбинација предизвикувало тешка нарколепсија, до степен да паѓаат по улици и да ги собираат како за мртви. Затоа и почнале да ги ставаат на маса и да бдеат над нив, да јадат и да пијат околу телото, за да почекаат дали „умрениот“ ќе се разбуди. Од таму и приказните за „разбудени мртви“ и наоѓањето гребаници на капакот од ковчегот. За да се санира овој сериозен проблем, им врзувале ѕвончиња и некој чувал неколку вечери на гробот. Од таму доаѓа и фразата saved by the bell.
На следната свадба, откако ќе ви помине воодушевувањето околу цветните аранжмани и шокот што бидермаерот чини 300 евра, нека ви текне на ова. Одржуваме традиција на купишта пеколно смрдливи благородници претворена во мултимилионска индустрија.
Фино е да се учи историја.