Според Националната анкета за свадби, социјалните мрежи додаваат уште еден слој притисок и трошоци, со просек од 31.974 фунти по свадба во 2019-та.
Многу парови се откажуваат од организатори на венчавки, за сами да си организираат и си го планираат „големиот ден” со социјални мрежи и апликации како Пинтерест. Цената на свадбите расте, па се поставува прашањето - дали е одговорно да инсистираш да имаш совршена Инстаграм-свадба?
Дури 42% од паровите велат дека чувствувале притисок да имаат свадба спремна за социјални мрежи, според анкетата, а четвртина од нив рекле дека биле спремни и да го надминат буџетот, за денот да им биде Instaworthy.
Хана Мулер, 20-годишна невеста што се мажи во Лондон и се колне во Пинтерест, објавила дека е верена со слика од прстенот и ова крајно популарно во моментов, особено поради фактот што е полесно на тој начин да се информираат следачите и пријателите - специјална фото-сесија (што е очигледно нешто што постои на запад) за да се објави веридбата чини 200 евра во просек.
И се разбира, желбата за совршена Инстаграм-свадба успева да го помогне процветувањето на многу бизниси подготвени да понудат услуги створени за Инстаграм.
Санди Чахал има фирма за забави и додатоци, а специјалност и се конфети.
(Што значи специјалност да ти се конфети?)
„Сите што ќе дојдат да разговараме велат дека сакаат Инстаграмлива свадба,” вели таа. ”Мислам дека се работи за притисок од социјалните мрежи кој пред 20 години го немавме. Нашите муштерии сакаат конфети кои ќе излезат добро на фотографии. Праќаат слики што ги нашле на Пинтерест за да ни покажат што точно сакаат. Така и забележав дека постои тренд на живи бои и екстравагантна декорација.”
Фотографката Џорџија Рејчел од Норфолк верува дека модерните свадби ги тераат паровите повеќе да се забавуваат, иако смета дека им е важно и како јавноста ќе ги прими нивните фотографии.
„Сликам многу повеќе од младоженец и невеста што стојат здрвено и гледаат во далечината. Тој стил е демоде, сега луѓето сакаат на фотографиите да се гледа дека се забавуваат.”
Иако само одреден број на луѓе добиваат покани, сè повеќе гледаме слики од свадба по социјални мрежи, што ги прави младенците посвесни за тоа како нивниот ден ќе биде искомунициран и до следачите.
Сакаат фотографии што ќе влезат во трендинг, или барем ќе им донесат лајкови. Трошокот што доаѓа со Инстаграм трендовите е она што ги повредува - скапо е да се креваш и ти нога за потковување кога се работи за стилизирање.
„Моето искуство,” додава Рејчел, „е дека Инстаграм предизвикува луѓето да потрошат многу повеќе на нивните свадби отколку што би потрошиле во времето кога немаше социјални мрежи. Но, свадбите каде што на парот му е гајле за Инстаграм, најчесто се најзабавни.”
Сепак, лајковите се доста битна причина за секирација. А се наоѓаат и такви што само ќе кажат, „Само да ми се сликите убави и задоволен сум.”
Почна ли и кај нас тој тренд на Инстаграм-свадби?