Скот и Дајана Андерсон, и двајцата шеесетгодишни (не шеснаесет, туку ШЕЕСЕТ), досега имаат потрошено 400.000 долари (значи скоро пола милион) за да се вратат во „Клуб 33“, откако им го откажале членството вредно десетици илјади долари затоа што наводно Скот бил пијан во јавност.
Клубот се наоѓа во Анахајм, Калифорнија и означен е само со плочка со бројот 33. Таму парот ги поминувал одморите во петте години додека биле членови.
За да станеш член треба да платиш 33.000 долари, а годишно и дополнителни 15.000 и со тоа добиваш пристап до ВИП простории, специјални настани, дружења со славни и други фини работи во сите паркови на Дизни, плус оброци спремени од светски популарни готвачи.
Андерсон штеделе 20 години за да си го дозволат членството и уште 10 години чекале на список да ги примат. Откако ги примиле во малото, ексклузивно друштво на мегафанови на Мики Маус, оделе таму меѓу 60 и 80 пати годишно. За сето тоа имаат потрошено околу 125.000 долари.
Скот Андерсон тврди дека така се здружиле со Курт Расел и Дик Ван Дајк.
Бајката се руши кога во 2017 им го одземаат членството откако Скот бил обвинет за „пијано однесување во јавност“ во Дизниленд. Тој одрекува, иако признава дека „испил неколку пива и вино“ додека бил во Анахајм, а за „тетеравењето“ тврдел дека е виновна вестибуларната мигрена - состојба од која страда со години.
Седум години се обидувале да си го вратат членството - барале 10.500 долари неискористено време како членови и 231.000 како компензација што седум години поминале на црна листа.
Изгубија.
Според судијата во Оринџ Каунти, Калифорнија, Дизни делувале во рамки на своите права кога одлучиле да им забранат пристап до нивните ВИП клубови.
Скот и Дајана се заветуваат дека има да си го вратат членството во Клубот 33 и продолжуваат да се борат, споделувајќи со ЛА Тајмс дека и бубрег ќе продадат, само за да ја обжалат одлуката и да можат да се вратат.
Во моментов разгледуваат други правни опции за Дизни да ги пушти назад во клубот.