Едно време, на Јутјуб владееше Колеџ Хумор, а од редовните серијали и „Адам уништува сè“, каде што комичарот Адам Коновер разбиваше капиталистички митови навлезени длабоко во секојдневието.
Конкретно во овој скеч, ја разби праксата на запросување со прстен и општо дијамантската индустрија.
Не само што не е „отсекогаш“, туку нема ни 100 години откако компанијата Дебирс одлучува дека ќе ги увери потрошувачите дека „не си доволно маж ако не запросиш со прстен“, а ич не си ни ако не дадеш минимум две месечни плати за дијамантот на него.
А дијамантите? Никогаш не биле ретки, а и сега врие - ама не кажувајте на никој.