Како настана Вида Боем?

Викендов, To Wong Foo, Thanks for Everything, Julie Newmar наполни 29 години.

Вонг Фу, или „Фуи“, како што го викале пријателите, бил главен шанкер во ресторанот Чајна Бол во Њујорк, а ѕидовите му биле прекриени со слики од славни актери и актерки што го посетиле.

Меѓу нив и Џули Њумар, која му ја потпишала фотографијата.

Кога дошло ред да за кастинг, Весли Снајпс и Џон Легуизамо веднаш прифатиле. Улогата на Вида станала хит и на аудиција се појавиле такви имиња, да просто нема да ви се верува: Роберт Дауни Џуниор, Вилијам Болдвин, Гери Олдман, Метју Бродерик, Џејмс Спејдер, Џон Кјузак, Мел Гибсон, Роберт Шон Леонард, Вилем Дефо, Џон Туртуро, Мет Дилон, Роб Лоу, Џони Деп, Том Круз и Робин Вилијамс. Само да се замисли секој од нив во улогата е цел еден нов филм во глава.

Патрик Свејзи бил меѓу последните на аудицијата и многу сакал да ја добие улогата. Режисерот Бибан Кидрон има кажано дека начинот на чекорење и грациозното движење е тоа што му ја донело. Си донел свои шминкери да го трансформираат во жена и инсистирал режисерот да се прошета со него по град за да му докаже дека може да пројде како жена. 

Понатаму, во интервјуа и спомени на актерите и учесниците, снимањето е опишувано како „тешко“. Еден проблем биле часовите поминати со шминкер и во костими на кои мажите не биле навикнати, а друг самата локација и четири-и-пол месеци долгото снимање што знаело да предизвика и нетрпеливост меѓу некои.

Првата и последната сцена се снимени во Њујорк, со десетици њујоршки драг кралици и андерграунд ѕвезди на градот со мали улоги и како статисти. Меѓу нив и Рупол, Џои Аријас, Лејди Бани, Мис Андерстуд, Кендис Кејн, Флотила Дебарџ, Мис Коко Перу и Квентин Крисп. Тројцата главни актери се дружеле со нив заради истражување за улогите.

Еден ден, на снимањето се појавила и Џули Њумар да гледа, што довело и до нејзиното камео-појавување.

Видете овде зошто во животот ни требаат повеќе Види.

11 септември 2024 - 13:06