Во новата серија, гледачите ќе имаат можност да дознаат нови детали за нејзините последни денови.
Режисерката е Ема Купер, а насловот ќе биде Кој ја уби Дајана? и ќе има три епизоди. Освен што ќе се дискутира смртта по сообраќајката на 31 август, 1997, ќе има и досега невидени интервјуа со клучни извори поврзани со несреќата.
„Истражувањето легендарни жени преку истражувачки новинарски документарци ми е пасија,“ вели Купер. „Така направивме со Мистеријата на Мерилин Монро, земавме приказна што светот мислеше дека ја знае и откривме нови вистини.
Посветена сум на приказната за оваа сакана жена да ѝ пристапам со свежа перспектива, нови гласови и претходно необјавени информации.“
Купер беше продуцент и на шесте епизоди на Сиенен, исто за Дајана, во кои се зборуваше за нејзиниот живот и влијание. За себе има кажано дека е „апсолутен суперфан на Дајана“ и како 40-и-кусур-годишна, за неа Дајана го претставува она што значи да се биде современа жена во однос на ранливоста и недозволувањето на тоа да се гледа како слабост.