Не воздивнувајте по Париз од пред неколку векови

За порано ич да не разговараме. Неколку политичари од највисок ешалон се имаат потрудено низ цел век Париз денес да го бива за на Инстаграм, ама лошата вест е што оној Париз по кој многумина воздивнуваат (на Волтер, на Иго) е Париз во кој никако, ама никако не сакаш да се најдеш.

Детално за Жорж-Ежен Осман, визионерот и творецот на денешен Париз имавме овде, но да се навратиме на „Париз во кој не сакаш да се најдеш“. На Википедија има конкретно два параграфи каде што се гледа дека не само што градот е далеку од „Емили во Париз“, туку е далеку и од полошиот Париз за кој се лутат што во серијата не се прикажува.

Едниот, од францускиот реформатор Виктор Консидеран, во 1845:

„Париз е голема фабрика за гнилеж, каде што мизеријата, чумата и болестите работат заедно, каде што ретко влегува воздух и сонце. Париз е ужасно место каде што растенијата се туткаат и умираат и каде што, од седум новороденчиња, четири умираат во текот на годината.“

Во другиот се спомнува доктор кој опишал една куќа на островот Сите (градскиот остров), каде што во соба од 5 квадрати на четврти кат во зграда живееле 23 (дваесет и три!) души и возрасни и деца. Во овие услови болестите се ширеле многу брзо и во епидемијата на колера која го „јадела“ градот во 1832, овде изгинале најмногу луѓе.

А сепак:

 

2 септември 2024 - 11:02