Во 1848 година соборен е францускиот крал Луј-Филип а Луј-Наполеон, внук на Наполеон Бонапарта, истата година е избран за претседател на Втората република. Три години подоцна врши државен удар и станува император Наполеон III - последниот монарх на Франција.
Со векови - уште од мрачниот среден век - Париз е еден од најголемите и најважните градови во Европа. Но, до 19 век, како што е жестоко опишано во делата на Виктор Иго, Париз станува пренаселен и опустошен од болештини.
Наполеон III бива опседнат со амбиција целосно да го обнови градот и да го претвори Париз во модерна метропола. Првиот човек што го назначил за „Префект на Сена“ за да ги спроведе неговите планови не бил на висина на задачата.
А потоа Наполеон му се обраќа на државниот службеник Жорж-Ежен Осман. Toj бил талентиран, решителен и поседувал неверојатна способност да ја надмине секоја пречка како знае и умее. И, најважно, ја споделувал визијата на Наполеон за нов, светол, чист и убав Париз - град во кој работните луѓе би можеле да водат пристоен живот. Почнувајќи од 1853 година, Наполеон му дал слобода на Осман да го редизајнира и обнови Париз.
Јадрото на овој план е систем на булевари што зрачат од фокалната точка на Триумфалната капија, проткаен со помали улици и плоштади. Светлина, простор, транспорт и чувство на грандиозност.
Истовремено, се анектираат предградијата околу Париз, зголемувајќи го бројот на арондисмани од 12 на 20 а населението на градот од 400.000 на над 1,5 милиони.
Притоа биле урнати околу 20.000 згради со 120.000 станови кои биле заменети со 34.000 нови згради со над 215.000 станови и апартмани. Настрадале стотици типични париски улици кои некогаш изгледале вака:
Тие биле заменети со пространи булевари. Додека постарите улици биле широки најмногу 5 метри, новите биле најмалку 12 метри па до 24 на некои места.
Совршено доловено во четирите слики на Писаро на Монмартр, од 1890-тите.
Хаусман ја предводел и изградбата на нови канализации, аквадукти, улично осветлување и друга јавна инфраструктура. На линија на грижата на Наполеон за работничката класа во Париз и нивните животни услови. Париз бива извлечен од средниот век.
Како дел од оваа огромна градежна операција, се градат и нови градски објекти по арондисманите; Париската опера, црквата Свети Августин и други. Градот е препороден.
Инспириран од Лондон, Наполеон посакува и Париз да е град на паркови. Се градат три огромни. За 17 години се засадуваат 600.000 дрвја.
Еден од клучните белези на Осман се строгите прописи за тоа како треба да изгледаат новоизградените згради долж париските булевари - вклучувајќи ја нивната висина, ширина, надворешна архитектура и декорација.
Меѓу другото, од страна на Осман било пропишано и со каков варовник да бидат варосувани зградите, при што фасадите морале да се освежуваат секои 10 години.
Иако потфатот бил строго автократски, тој сепак успеал од Париз да создаде една од најпосакуваните светски дестинации за посета.
Разбирливо, во тоа време го мразеле проектот: политичките ривали заради огромните трошоци, јавноста заради растурениот град.
Многумина биле убедени дека само се уништува средновековниот шарм на Париз и дека ова реновирање е сквернавење, мегаломанија, лош вкус и чин на „грозен материјализам“.
На крајот, Наполеон под политички притисок бил принуден да го отпушти Осман а неговиот проект е завршен дури во 1927 година. За почеток на современиот Париз се смета моментот кога на градскиот песјаж е додадена, на времето не помалку омразената Ајфелова кула, во 1889 година.
Во меѓувреме, градот добива и други иконични објекти како што е центарот Помпиду, стаклената пирамида на Лувр или кулата Монпарнас.
Приказната за реновирањето на Париз е поучна од неколку страни. Најважно е што може свесно да се планира и создаде убав град. И дека она што денес се чини неприкосновена класа и драгоцена традиционална вредност, некогаш било дури и скандалозно модерно.