На Павел му е преку Дуров: Нè хранеа со лаги

Павел Дуров, основачот на апликацијата Телеграм, на Запад беше славен како херој кога ја напушти Русија заради притисоци и несоработка со руската безбедносна служба. После мало шуткање ваму - таму, стана француски државјанин. Неколку години подоцна, новата татковина му стегна дебела кривична пријава поради - несоработка со француската безбедносна служба. На глава му висат долги години затвор.  

Полнам 41 година, но не ми се слави.

На нашата генерација ѝ снемува време да го спаси слободниот интернет што за нас го изградија нашите татковци. Она што некогаш беше ветување за слободна размена на информации, се претвора во главна алатка за контрола.

Некогаш слободните земји воведуваат дистописки мерки како што се дигитални лични карти (Велика Британија), онлајн проверки на возраста (Австралија) и масовно скенирање на приватни пораки (ЕУ).

Германија го гони секој што се осмелува на интернет да критикува владини политичари. Велика Британија затвора илјадници за твитови. Франција кривично години технолошки лидери кои ја бранат слободата и приватноста.

Мрачен, дистописки свет ни се приближува брзо - а ние спиеме. Нашата генерација ризикува да влезе во историјата како последна што имала слободи - и дозволила тие да ни бидат одземени.

Нè хранеа со лаги.

Нè натераа да веруваме дека најголемата битка на нашата генерација е да уништиме сè што ни оставиле нашите предци: традиција, приватност, суверенитет, слободен пазар и слобода на говор.

Со предавство на наследството на нашите предци, тргнавме на пат кон самоуништување - морално, интелектуално, економско и, на крајот, биолошко.

Значи, не, нема да славам денес. Ми снемува време. НИ снемува време.

Павел Дуров

 

10 октомври 2025 - 14:26