Рмбаш цела смена во кујна на некој ресторан. Едвај чекаш да дојде фајронт и да одмориш кичма и нозе и мозок и нерви. Сè почесто гледаш на саат. Конечно, доаѓа време. Уште пет минути, уште четири, уште три.... И ете ти го него, на пар минути до долго чеканата слобода, доаѓа некој со нарачка. А колегата мора да ја прими.