Социјалните мрежи се преплавени со „хакови“ за здравје каде и да се свртиш - видеа, објави, статии и коментари. По ново, пијат сода бикарбона и вода и се колнат во придобивките, ама се поставува едно прашање: Колку сода бикарбона може да се внесе - и дали воопшто смее?
Ја има во секоја кујна, и се користи за торти, мафини и колачи, се користи за чистење одводи, за ексфолијација на лице… И некои бенефити навистина постојат, но да видиме.
Хемиската структура на содата е природно алкална и се активира кога ќе се измеша со киселина во течност - така го менува pH нивото.
Една од причините поради кои луѓето пијат сода е за проблеми со варење. Помага и при намалување на прогресијата на болест на бубрезите. Со помош на лекар, пациенти со таква болест во подоцнежна фаза можат со сода да ја намалат киселоста на телото. Се користи и за подобар перформанс во спортови затоа што може да го неутрализира напластувањето на млечна киселина, но за ова сепак фали доволен број истражувања
Ризици постојат - може да настане метаболичка алкалоза, што значи дека pH нивото на крвта е превисоко, или премногу алкално. Ова го намалува дотокот на крв до мозокот, може да го оштети срцето, да го намали протокот на кислород до ткивата и да предизвика сериозни медицински проблеми како аритмија и намалени срцеви контракции.
Освен тоа: повраќање, дијареа, дехидрација и напади.
Значи, колку сода е безбедно да се внесе?
Не повеќе од 1/4 до 1/2 лажичка одеднаш и да се ограничи на вкупно 3 лажички дневно. За сите (освен за бремени жени, таму има други податоци), обично се смета дека е безбедно половина лажичка дневно мешана со вода за подобро варење. Сепак, треба да се внимава и ако се конзумира сода со други оброци.
Важно е и да се спомне дека 1 лажичка сода содржи 1200 мг содиум, што не се препорачува за луѓе со болно срце или висок притисок.
Иако има анегдоти за подобрување при „киселини“ после јадење, сепак нема доволно клинички студии што поддржуваат долгорочно суплементирање со сода и вода. И секако, разговарајте со лекар доколку сте веќе на некоја терапија, пред да конзумирате.