Некои забележуваат дека ентериерот на просторијата ги има сите најдобри елементи на cottagecore, оној фин тренд од пред некоја година што даваше да се бега подалеку од интернетот, на помирни места.
На некои луѓе сепак не им е ТикТок тренд, туку начин на живот.
И еден детаљ што го забележуваат е оној ѕид украсен со чинии што може ќе ви се види познат од некое друго време.
Прво, тие што ги имаме видено во живо, воопшто не беа „винтиџ чинии“, туку обични, изложени во куќи уредувани на времето.
Сега се случува носталгични луѓе, во обид да се вратат во атмосферата на пријатно детство, да почнат да собираат стари чинии, од бувљаци по светот, или од огласи и антикварници за да го постигнат овој симпатичен декор по дома.
За ова има и нов скован термин - новосталгија.