Синдром „Бабина чанта“

Ние мислевме ќе биде пак за некој камбек на ретро естетика, а тоа да ти било за педијатриски труења. Накратко, колку и да го обезбедувате вие домот за да биде безбеден за мали деца, на спиење понекогаш доаѓаат постари роднини сосе терапиите во ташна. Е, тоа не ви е обезбедено.

Трендот е: Слушалки со жица

Без разлика дали можете да си дозволите безжични и дали даваат поквалитетен звук - славни личности кои важат и за модни примери што треба да се следат си тераат со жицата и не се замараат многу со технологија.

Како настана Hello Kitty?

Во 1974 година, 24-годишна јапонска дизајнерка по име Јуко Шимизу, речиси незабележливо, создава лик што подоцна ќе стане една од најпрепознатливите културни икони во светот.

Мајчиното млеко е чудо на еволуцијата

Во 2008 година, еволутивниот антрополог Кејти Хајнд работела во приматолошка лабораторија во Калифорнија, анализирајќи примероци од мајчино млеко кај резус-мајмуни. Истражувањето на почетокот изгледало рутинско, но со тек на времето, одредени обрасци почнале да се повторуваат доволно упорно за да не можат да се игнорираат.

Љубезните луѓе имаат помалку пријатели

Луѓето со изразена емпатија и искрена добрина често имаат помал круг на пријатели, но тоа не значи дека се социјално изолирани или дека не знаат да градат односи. Почесто станува збор за селекција - нивната чувствителност, јасните граници и начинот на кој ги доживуваат другите природно ги филтрираат односите, оставајќи помалку, но постабилни и поквалитетни врски.

Постојат знаци дека некој растел со нарцисоидна мајка

Динамиката меѓу дете и нарцисоидна мајка често е суптилна, емоционално збунувачка и лесна за минимизирање од страна. Љубов може имало, но била условена, непостојана или фокусирана првенствено на потребите на родителот. Со тек на време, таквата средина го обликува начинот на кој детето се доживува себеси, ги гради односите и ја разбира емоционалната сигурност - ефекти што се пренесуваат и во зрелоста.

Еротската валута на париските бордели

Некои антиквитети сведочат за поинаков, поскриен свет на кадифени завеси, пригушени светилки и тивки договори склучени далеку од дневната светлина. Такви се jetons de maison close - на прв поглед личат на обични монети, но откриваат сосема поинаква приказна кога ќе се превртат.

Приказната на американските робови што ретко ја гледаме на филм

Во американската популарна култура (која и остатокот од светот ја живее), ропството најчесто се прикажува низ поедноставени и визуелно „чисти“ наративи. Филмовите и сериите обично ни нудат јасна поделба: поробени луѓе со темна кожа, јасно одделени од белите господари, со приказни што се фокусираат на суровоста, трудот и отпорот. Но оваа слика, иако не е целосно неточна, остава еден значаен дел од историската реалност надвор од кадар.

Во „мажосферата“ не им е ни забавно веќе

Во последните неколку години, јавниот дискурс сè почесто се врти околу младите мажи. Дали ги „проголтува“ т.н. мажосфера? Дали стануваат сè поповршни, помизогини, похронично онлајн? Овие прашања одамна циркулираат во медиумите, но пред два викенди добија конкретна, и прилично мрачна, илустрација.

Француски брз воз обезбеди вагон „без деца“ и веднаш има навредени

Францускиот брз воз TGV INOUI реши да понуди премиум услуга со вагон каде што ќе има мир и тишина и нема да бидат дозволени деца и јавноста веднаш се побуни дека не е фер. Од компанијата објаснија дека спорниот вагон е само 8% од капацитетот - зошто не си седите во останатите 92%?

Може да се спие овде, ама има услов

Во базиликата Сакре-Кер, една од најпознатите локации во Париз, може да се преноќи и тоа за 15 до 45 евра, ама условот е да одвоиш еден час навечер за - молитва.

Што значи „синдром на иритабилен маж“?

Досега сме чуле само за синдром на иритабилни црева, ама терминот Irritable Male Syndrome или ИМС (со цревата е инаку Irritable Bowel Syndrome - IBS) и иако не е клиничка дијагноза, сепак е кластер од симптоми што психологијата ги препознава.

Што е литосексуалност?

Од кога не сме учеле нијанси.

Песна од Сенка Велетанлиќ

Вчера, синот на Сенка Велетанлиќ и Зафир Хаџиманов - Васил, објави дека неговата мајка „замина во сон, како дама, како што ѝ прилега“.

Балканштината на семејството Бекам

Ви се верува ли, дека без разлика што се милионери и меѓу најславните луѓе на планетава, Бекамови се испокараа околу - снаата?

Наталија Дајер: Нега и лекции од снимање

Одамна не сме имале вакво. Ненси од Stranger Things, учествува во серијалот на Вог, Beauty Secrets каде што актуелни ѕвезди споделуваат навики и производи за нега на кожа и шминка.

Кока-Кола има осудено производ на пропаст само за да уништи производ на Пепси

Во 1992 година, Кока-Кола лансираше производ кој од самиот почеток бил планиран да пропадне, со една единствена цел: да го поткопа Crystal Pepsi.

Мајли Сајрус не прави кавери - одново измислува песни

Па, што ако ги знаеме и сме навикнати на нив. Кога ќе ги испее Мајли стануваат нешто ново и магично. Еве список на 10, па вие частете се после сосе компилации.

„Livin' La Vida Loca“ не звучи така јако денес

Не песната, песната си е таман за журкање. Ама текстот, за „луда и откачена“ девојка што ти го превртува животот наопаку никако не му изгледа привлечно на уморен човек што морал да стане во шест за на работа и сега само сака да си легне пред телевизор.

Сите ние учествувавме во рекламата со фармерките на Сидни Свини

Ви текнува? Рекламата каде што Сидни Свини згодно се шета во фармерки и вика My genes are blue, а се појави во сред дискурс за расизам и нееднаквост, и беше доволно нејасна за да побудалат луѓето од расправање на интернет?

Сте чуле за „decora fashion“?

Многу е симпатично, ама не е за секого. Decora fashion е јапонски уличен моден стил што потекнува од Хараџуку, Токио, и е лесно препознатлив по едно правило: more is more, наместо less is more. Мода која се базира на екстремно слоевито облекување и прекумерни додатоци, со цел човекот да изгледа како жива, шарена инсталација.

Зошто различни делови од светот имаат митови за сирени?

Митовите за сирени и морски девојки се меѓу најраспространетите и најупорните легенди во човечката историја и речиси и да не постои култура што има пристап до море или океан, а да нема некаква приказна за суштества кои се половина човек, половина риба - убави, заводливи, но и опасни. Оваа појава не е случајна, туку е резултат на спојот помеѓу човечката перцепција, природната средина, психолошките состојби на луѓето и општествената потреба за објаснување на опасностите од морето.

Психологијата зад желбата да си седиш дома

Или познавате таква личност, или сте вие: откажува планови, уморен е, настинат е, „ќе се чуеме другпат“... Психологијата нуди објаснување: за многумина, останувањето дома не е бегство, туку начин на регенерација.

Ризикот од деменција се зголемува ако сте најактивни попладне

Ново истражување објавено во медицинското списание Neurology укажува на значајна поврзаност меѓу биоритамот и ризикот од развој на деменција, со посебен фокус на тоа кога во текот на денот телото ја достигнува својата „врвна активност“.