Хотелски метод за средување по дома

Како може хотелска соба за пет минути да изгледа чиста и средена, а за една соба дома да ви треба цел ден за да личи на нешто?

Хигиеничарите во хотел имаат рафиниран систем дизајниран да елиминира неефикасност.

Прво - скроз светло. Така нема да има изненадувања по ќошеви. Потоа, површинско чистење - сите ѓубренца и глупости по површини.

Има на пример нешто што се вика „не пипај два пати“ - секое дејство те доближува до крај на чистењето, значи нема враќање по сто пати на истото место. Секое движење е со намера.

Одлични совети ако сте нонстоп во „одржување“ и ако сте веќе истоштени од „цело време има нешто ново“ и „не останува средено“:

2 септември 2026 - 14:26