Ќе разговараме ли конечно за ужасната илустрација на Стокард Ченинг во „Брилијантин“?

Возбудата кога ќе почне „Брилијантин“ е голема, без разлика дали си го фатил на телевизија, или си го нашол на стриминг. Затоа и некако се залетуваме и забораваме да искоментираме - добро бе, кој така ѝ направи на Стокард Ченинг на шпицата?

Сега конечно и ја потсетиле на тоа.

Ченинг која сега има 82 години, ја играше Ризо во мјузиклот од 1978 и во интервју за промоција на новиот Practical Magic вели дека образите ја нервирале најмногу.

„Ова е полошо отколку што паметам. Видете! Вака се доживував во кошмари.“

Ај, барем според тоа што го кажува, освен сега, ја имала видено само уште два пати - еднаш на премиера, еднаш 20 години подоцна, од проста причина што не го гледа тој филм, иако се гордее со него.

Илустратори имаат пробувано и да овозможат правда:

Инаку, со Дајен Вист што ѝ е колешка од Practical Magic 2, беа на примера во Лондон, заедно со Сандра Булок и Никол Кидман.

Патем, Practical Magic 2 е продолжение на филмот од 1998, и доаѓа на 11 септември.

2 септември 2026 - 00:00