Размислувањата на Фром за љубовта ги предизвикуваат конвенционалните сфаќања за неа како нешто исклучиво врзано за личност или предмет. „Љубовта не е врска со одредена личност; тоа е став, ориентација на карактерот…“
Еднаш има и кажано дека „нема никакви пластични операции“, ама тоа ако се лажеме. Реалноста е дека најверојатно ја имаат фатено врвни хирурзи што со малку имаат направено многу.
Луѓето сè подоцна влегуваат во брак, а и порадо делат дом со партнерите отколку извод од венчани. И покрај овие трансформации на односите, она што не е сменето е очекувањето дека моногамниот љубовен однос е планетата околу која другите односи орбитираат.
Многу е можно како деца да сте се предизвикувале кој ќе оди во тоалет со свеќа и три пати ќе каже Bloody Mary во огледало, само затоа што имало тинејџерски хорор каде што еднакво глупи деца го правеле истото.
Се соочува со обвиненија за трговија со луѓе и проституција. Жртвите поднеле граѓанска тужба пред една година, тврдејќи дека биле сексуално експлоатирани од страна на Мајк Џефрис, кој беше ЦЕО на Аберкромби & Фич 22 години.
Вака собрани и наредени, го тераат човек да се подзамисли зошто порано на јавноста не ѝ текнало да се позанимава со мрачната страна на Шон „Диди“ Комбс, ама барем се почна. Видете ги само на почеток сите тие лица кога ќе каже „Доделувам една вечер со мене.“
Науката стигнала до контрацепција за мажи, ама нешто „нема многу интерес да се пушти“. Причината? Има контраиндикации. Кои се тие контраиндикации? Промени во расположението.
До пред некој век, духовите се опишувале како најчовек што може - да, со моќ да исчезне кога сака, да прави штета и да поминува низ ѕидови, но сепак - нималку проѕирни, како и сите други живи во просторијата. Така, сè до појавата на фантазмагорија.
Даваат и волна и живеат среќно и задоволно, наместо да стануваат храна, а прво тоа било решението затоа што не се размножувале. Додека не му текнало на еден фин човек дека нема смисла да страдаат само затоа што се геј.
Музички експерти тврдат дека настапот на Селин Дион на отворањето на Олимписките игри во Париз, поради кое ширум светот плачеа милиони (затоа што после долго време се врати на сцена) е однапред снимен.