Современите лаванда бракови повеќе не се маска, туку избор - врски меѓу луѓе со различна сексуална ориентација кои свесно ја градат својата блискост, не заради општествени правила, туку заради лична вистина. Нема тајни агенди, нема преправање и партнер кој на крајот бива предаден - повеќе личи на нов јазик на љубов, каде што владее емотивна и интелектуална поврзаност што ја надминува физичката привлечност.
Психолозите забележуваат дека овие односи се појавуваат најчесто кај генерациите кои не се плашат од сивите зони и според кои идентитетот не е фиксна категорија, а интимноста не мора да следи шаблон. За едни е начин да ја одделат љубовта од очекувањата, за други простор каде љубовта конечно може да дише без објаснување.
Истражувањата покажуваат дека сè повеќе парови под 40 години влегуваат во односи со партнери од различна сексуална ориентација. Се разликуваат два типа лаванда бракови: оние во кои партнерите од самиот почеток се свесни за разликата во ориентацијата, и оние каде тоа се открива подоцна. Или ако сакате - како што беше на времето и како што почнува да изгледа сега. Во двата случаи, општеството често реагира со недоверба, како па двајца хетеросексуални партнери да се 100% рецепт за успех.
Психолозите забележуваат и еден тренд, особено кај партнери кои после години брак успеале да се разберат дека бракот им е всушност лаванда - не се разделуваат. Бираат да останат заедно затоа што функционираат и делат домови, финансии, деца и живот.
А зошто баш „лаванда“?
Лавандата одамна е поврзана со ЛГБТК+ културата и не-хетеронормативните идентитети. Во почетокот на 20-тиот век во Америка и Европа, лавандата се користела како суптилен симбол за квир идентитет - затоа и бракот кој имал за цел да ја прикрие сексуалната ориентација на некој станал познат како „лаванда брак“.
Еве, дечково гради случај:
@la_vie_en_aj Any women down to marry a gay man? #fyp #lavendarmarriage #queertiktok #singlewoman #gaytiktok #lesbiansoftiktok #datingproblems ♬ original sound - la_vie_en_aj
Се бараат и нови имиња:
@jacobmhoff Follow and Share! @Samantha Wynn Greenstone #lavendermarriage #relationship ♬ original sound - Jacob Hoff