Како со сигурност да знаеш дали имаш работа со добар човек?

Што нè прави навистина добри луѓе? Прашањето е старо колку и самата филозофија, но деновиве повторно се најде во фокусот, благодарение на кратко видео на ТикТок кое ја оживеа мислата на Имануел Кант.

Кант уште во 18 век, понудил едноставен, речиси интуитивен тест: „Срцето на човекот може да се познае по тоа како се однесува кон животните.“

ТикТокерот Џулијан де Медеирос ја сподели оваа идеја на својот профил @julianphilosophy и видеото собра повеќе од 3,3 милиони прегледи. Таму, објаснувањето е просто - според Кант, човек што е суров кон животните, најчесто е суров и кон луѓето. Односот кон животните, вели тој, не е само прашање на морал, туку прозорец во карактерот - во способноста за емпатија, трпение и добрина.

@julianphilosophy We can judge the heart of man by his treatment of animals -Kant #pets #kindness #cat #dog #grace #love ♬ New Home - Frozen Silence

Медеирос вели дека не е само Кант, туку и германскиот поет Гете ја делел истата мисла: човек кој им наштетува на животните не може да се смета за доверлив, бидејќи во својата суровост ја открива вистинската природа.

Современата психологија ја потврдува оваа вековна претпоставка. Истражувања на Animal Legal Defense Fund и една многу нова студија од 2025 година, во која учествувале над 55.000 луѓе во Франција, покажуваат дека оние што признале насилство врз животни многу почесто покажуваат и проблеми со импулсивност и агресија кон други луѓе.

Во коментарите главно луѓето се согласуваат, или како што ќе каже еден коментар,

„Погледни како некој се однесува со животните, децата, старите и ранливите - и ќе дознаеш сè што треба.“

Сепак, има навидум „спротиставени“ страни за кои вреди да се размисли - постојат луѓе кои сакаат, чуваат и се грижат за животни - но тоа сепак не значи дека се добри. Како и да е, сите по дифолт се согласуваат - луѓе што лошо се однесуваат со животни се лоши и точка. 

Идејата на Кант останува безвременска - вистинската добрина не се докажува со зборови, туку со тоа како се однесуваме кон оние што немаат глас.

7 октомври 2025 - 00:00