Некои работи не се трпат после 40

Не, нема да спијам кај тебе, ќе идам во хотел.

Сме правеле глупости и сме се ставале во некакви ситуации како тинејџери, како дваесет и триесет и кусур-годишни. Е па, после 40, се нема време за глупости.

Престанува:

  • Да ти е гајле што мислат другите за тебе
  • Да догледуваш и да дочитуваш нешто досадно
  • Да одржуваш еднострани односи
  • Да спиеш по туѓи дневни, наместо во хотел, кога одиш во друг град
  • Да готвиш за празници
  • Да се жртвуваш за други
  • Да се возиш на ролеркостери што ти создаваат вртоглавици
  • Да носиш градници со жици
  • Да си го комплицираш утрото со некакви рутини
  • Да трпиш роднини што се јавуваат само кога им треба нешто
  • Да носиш штикли

Поентата на сево ова нетрпење?

Раат. 

15 октомври 2025 - 00:00