Како е да растеш со повеќе пари отколку што можеш да потрошиш?

Абигејл Дизни има 59 години, активистка е и има Еми за документарец. Веројатно претпоставувате по презимето од која фамилија доаѓа. Дедо ѝ е Рој О. Дизни, ко-основач на Волт Дизни Компани, што значи дека е наследничка на семејното богатство. Порасната е во северен Холивуд, има докторат од Колумбија и во моментов живее во Њујорк. Со The Cut разговара за парадоксите на растење со неверојатно богатство.

Учиме брак од Аманда Палмер и Нил Гејман

Аманда Палмер е пејачка и текстописец, правецот и е панк-кабаре (колку би било интересно тоа да се види!), а Нил Гејман е авторот на Сендмен, Коралајн и сè друго што ни се свиѓа.

Викторијанска двојка во 2019-та

Кој ви е омилен историски период? Си одговоривте? Ај сега замислете дека живеете точно така како што се живеело тогаш, минус болештините. Што би  значело, шетање облечени како Џингис Кан, Крале Марко или Александар Македонски.

Сè помлади луѓе се фаќаат за пластична операција

Дискусијата околу влијанието на социјалните мрежи на стандардите за убавина е одамна почната, само што сега има нов пресврт - во нивниот ефект на пластичната хирургија на лице.

Што мислите за „Funnymoon”?

Како меден месец, ама пред свадба. Има логика, сега ќе се објасниме.

Колку малку фалело

#MeToo бараше дебели за Викторијас Сикрет, па им ја дадоа Барбара Палвин. Значи им дадоа ултра-згодна манекенка, со тело што се постигнува со спиење во теретана шест месеци, ама чудо е што може малку месо да направи.

И џиновите можат да паднат

Модната куќа „Роберто Кавали” ги затвора продавниците по Америка во обид да се справи со финансии.

Во Лондон се отвора „Музеј на вагината”

Прво си викаш „Но, зошто?”, па после читаш што е приказната зад сето тоа и ти станува во ред.

И со фустан се вреѓаат национални чувства

Не се менуваат и отстрануваат само споменици, имиња на институции и табли на пат за да не се навреди некој. И фустан знае да вреѓа.

Психолог и фризер на тема: зошто шишањето е емотивна работа?

Зошто носиме драстични одлуки околу косата кога сме емотивни? И зошто и самото шишање знае да нè потресува? Да истражиме.

Дилема за убавина што треба сами да си ја решиме

Под „сами да си ја решиме” се подразбира да си ја чукнеме главата. А дилемата е: дали сум најубав/а или најгрд/а на свет?

Сега луѓето се опседнати со млеко од бубашваби и ред е да се самораспуштиме како раса

Знаеме дека фриковите за здрав живот прават необјасниви (и необјасниво глупи) работи во тоа име, ама до овде не ни текна дека ќе стигнат: имено, најновата суперхрана (која што изгледа можеме и да ја извезуваме…) е - млеко од бубашваби.

Дотерување кога работиш од дома

Кој би рекол дека има толку опции.

Иста си ко мајка ти

Едно истражување покажува дека сите жени почнуваат да личат на мајките после 33-тата година од животот.

Вирџил Абло, Луи Витон и „Волшебникот од Оз”.

Додека трае такмичењето во досетливост на социјални мрежи, да си направиме муабет.

Елспет Бирд - со мотор околу светот

Месецот на женската историја е при крај и ред е да го испратиме со одлични жени. На пример жени што го извозеле светот на две тркала. Сами. Може сте јаки, ама тешко дека сте појаки од една од првите жени што се качиле на мотор и го обиколиле светот.

Аманда Палмер и уметноста на прашувањето

Аманда Палмер вели, не ги терајте луѓето да плаќаат за вашата музика - дозволете им.

Ако имавте заштедено за стан

Ермез ќе прави производи за козметика и нега на кожа.

Најважната соба во Бакингемската палата

Во палатата има 775 соби. Од нив, 188 се соби за персонал, 92 се канцеларии, 78 се купатила и 52 кралски и гостински спални. Од сите, најважна е Собата 1844.

Во Емирати ти треба дозвола за инфлуенсер

На почетокот на годинава, Националниот совет за медиуми на Обединетите арапски емирати воведе нови правила, со кои инфлуенсерите што промовираат брендови или производи на Инстаграм и други социјални мрежи мораат да платат 4000 долари за да обезбедат дозвола за работа.

Зошто?

Чудни веѓи на Инстаграм се веќе жанр и категорија, најчесто траат неколку дена додека не ги испробаат мејкап-инфлуенсери и одат во некоја историја каква што пред 10 години немаше ни да ни текне дека ќе постои: eyebrow trends.

Можете да си го купите фустанот за развод на Мерилин Монро

Добро, се разбира дека не можете, ама опцијата се отвара за луѓе што собираат вакви работи. Една од најочекуваните аукции годинава ќе се случи на 30-ти март и за време на настанот, ќе се продава фустанот што го носела Мерилин Монро на денот на разводот од Џо Димаџио во 1954-та.

Милион мајки, Кит Кат и машки гениталии

Христијанската група Милион мајки (кои инаку, на Твитер се 3647 мајки, но добро) го напаѓаат производителот на Кит Кат затоа што ги потсетувале потрошувачите на машки гениталии. Сега ќе видиме што тоа.

Сатира на машкоста

Вистинските мажи не се токсично машки.