Денес дознаваме чија е раката на постерот на „Американска убавина”

Убаво ви текнува на постерот. Само не ви текнува дека тоа не е Мина Сувари.

Ај да го видиме:

Совршен.

А глумицата што приреди мал шок на интернет пред 6 дена е Кристина Хендрикс.

Вели,

„Забавен момент… трпение… Порано бев модел, а понекогаш и модел за раце… ова е мојата рака на стомакот на друг модел… горда сум што сум била БИЛО КАКОВ дел од филмов!!!”

 

Не се потресоа само обични смртници, туку и селебрити фаци. Кристијан Сиријано, Бизи Филипс, Џануари Џонс, Ел Фенинг, Рејчел Ли Кук…

Главно коментарот е - WHAT?!

А стварно е за гордеење да си бил на било кој начин ангажиран во уметноста наречена постерот на „Американска убавина”.

Боја, композиција, фонт, меланхолија.

Стварно, fun fact.

29 август 2019 - 16:55