Неделна доза ентериер:

Живееш зад решетки ама не си во затвор - едноставно си во Хонг Конг

Пазарот на недвижности во Хонг Конг е ужасно скап - има врска со просечната плата и колку МНОГУ пати еден просечен дом е поскап од таа сума. Нешто како кај нас, со тоа што кај нас уште нема толку гужва и уште сме фамилијарни, па не сме принудени да живеевме во - кафези.

Мислевте дека станот од 8 квадрати во Токио е страшен? Замислете папагалите во Зоолошка да имаат повеќе простор од вас, па може и ќе го барате.

Хонг Конг држи толку многу народ, што освен што не можат сите да си дозволат да купат свое, немаат ни кај да живеат. 

Поточно, имаат, се снашле, ама како се снашле е главниот проблем. Низ Хонг Конг има згради, места, станови, како ќе решите - така, некои полни со кревети на спрат (како во затвор), некои со буквални кафези еден врз друг (како во - што?!), доволни за еден човек и неколку негови ствари.

Новинар од Вокс решава да побара објаснување за ова. Дознава дека десетици илјадници жители на Хонг Конг живеат во простори од 6 (ШЕСТ!) квадрати. Место за кревет и масичка. Еден кажува дека „некои си средуваат, некои не”, битно тој си има плакарче каде што си ги чува и стварите за караоке.

28 август 2019 - 02:13