„Брилијантин” е неприкосновена приказна од самата појава, си наоѓа публика во секоја нова генерација и околу него владее култ што го оддржуваат милиони.
Сепак, заклучокот е дека филмот повеќе фаворизира носталгија отколку модно-историска точност, што е сосема во ред, ама па интересно е да се види каде подзамижале, а каде точно имаат убодено.
За почеток, дејствието на филмот е во учебната 1957/58-ма, во јужна Калифорнија. Филмот е излезен во 1978-ма, па многу е веројатно дека луѓето што го правеле биле тинејџери баш во '50-ти, а базиран е токму на тие „тинејџерски” филмови од таа декада.
Инаку концептот за „тинејџер” е повоена иновација, а во 1945-та, Њујорк Тајмс дури и објавува „Права на тинејџерот” во еден број, па на тинејџерите и официјално им е дозволено да - уживаат во младоста.
Супер излагање на тема мода во '50-ти и колку од тоа е имплементирано во „Брилијантин.”
Ние ќе почекаме до свет каде што на филозофски ќе отворат Катедра за модна историја.