Совети за тинејџерки што требаше нас да ни ги кажат

Кога бевме мали, совети за девојчиња читавме само по заборавени отворени списанија кај мајките, каде што често имаше и ствари што тотално немаа врска со нас, психолози и психијатри беа срамота, а интернет немаше, па немавме ни толку пристап до сите купишта ум што можеа да нè научат на по нешто.

Прада изгуби над 850 милиони долари

Лесно е да заработуваш огромни пари на годишно ниво, ако те има на кинескиот луксузен пазар. Тешкото е кога Кинезите ќе решат да бидат внимателни со своите трошоци, заради најбавниот економски раст забележан во последниве три децении.

Има луѓе што сакаат копии и не се срамат да признаат

Ема Грејди, е новинарка за Мен Репелер, блог што е таму некаде на врвот меѓу најјаките модни блогови. Контраинтуитивно би било да напише исповед за нејзината опсесија со лажни брендови, ама еве ја, тука е. Излечена.

Вистинскиот живот на инфлуенсерите и нивниот Инстаграм се два различни света

Онлајн, постовите им светкаат, полни палми, аксесоари и совршени селфиња. А тоа често нема никаква врска со начинот на кој што стварно живеат.

Зошто не го бива Тамблр без порно

Знаевме, знаеја сите, ама се мораше. И сега може и да се пропадне.

Луи Витон се откажа од Мајкл Џексон

Кратко пред премиерата на Leaving Neverland, Луи Витон извади колекција инспирирана од Мајкл Џексон и сега им е криво.

Пламениот фустан на Боб Меки: Кој го изведе најдобро?

Не се било кои обични смртници во конкуренција. Имаме Шер, Тина Тарнер и Бијонсе.

M.A.C ќе пушти линија инспирирана од „Аладин”

„Вашата желба е наша заповед”, пишуваат на објавата на Инстаграм од M.A.C, со пригодна референца на духот од Аладин за соработката со Дизни.

Зошто само жените ги напаѓаат за трошење?

Работи што можат жените да ги купат, без да бидат нападнати: нешто за сопругот и децата, или нешто без кое што буквално не би преживеале.

Работи што ќе им ги качат на глава: сè друго што ќе го купат за лично задоволство.

Визијата да им ја имаш

Лесно е да дизајнираш црни, црвени и слични салонки. Па, и сандали. Оди направи го ова што го изнаправија месецов дизајнерите на обувки, да те видам.

И вие ли се молите со сопствената коса?

Многу е можно косата да не ви е како од реклама. Поточно, најверојатно не ви е. Се разбира, ако дојдовте да прочитате како да ви стане како од реклама, ние со задоволство ќе ве спасиме и ќе ве информираме дека тоа нема баш да се случи. Ама на пример, има начини како да ве слуша малку повеќе.

Невидливата предност

Твитер знае да биде глуп, ама повремено се искупува со одлични примери од животот што нè тераат да ги разгледаме работите од поинаква перспектива.

Вакви сте

Опсесивните дечковци се толку романтични.

Ана Винтур на важни теми

На прв поглед може и нема да ви се чинат баш важни - што мисли за семејството Кардашијан, што мисли за хеланки, како да се облечеш за на интервју за работа и слично. Ама ќе видите.

Шарлиз Терон има нешто да ни каже

Пост-осмомартовска мотивација.

Цреп на годината

Се наоѓаат на Тиндер. Се договараат за дејт. Не ѝ се јавува веќе. Три месеци подоцна, ѝ праќа порака да објасни зошто не се јавил. И е невиден цреп.

Стјуардесите на Вирџин не мораат веќе да се шминкаат

Кога ќе ти текне колку рано стануваат, може и да е за поздрав. Истовремено е меч со две острици, рано станување и непокривање на тоа исто рано станување со шминка, може да биде страшничко.

Колку подосадна, толку поинтересна за унапредување

И истражувањето што дошло до овој поразителен заклучок не е направено во Колумбиско село. Напротив, на запад е.

Ама стварно, кој друг би ја глумел Барби?

Официјално е потврдено дека Марго Роби ќе биде Барби на филм, и фала ѝ што се појави со време, зошто ќе требаше Ејми Шумер.

Би носеле костим за капење од рециклирана пластика?

Поточно, рециклирани пластични шишиња, кои стануваат сè попопуларни и подостапни, а ги има во бомбер јакни, па до чевли, и на крај, сега, до костими за капење.

Што е разликата меѓу скапи и евтини фармерки

Ако често ги носите истите два-три пара фармерки, ви текнало дека е најверојатно паметно да се инвестира во скапи и да се заврши работа?

Туторијал за шминка од пред 70 години

Наспроти денешниот наратив дека жените се доволно убави такви какви што се, а шминката е вештачка работа, пред 70 години, туторијал за шминка (кој оди на телевизија!) почнува со „Не постои жена на светов што не може да се направи да биде поубава.”

Еднаквост меѓу мажи и жени има само во 6 земји, погодете дали сме меѓу нив?

Не. Не сме. Ама наводно сме подобри од Америка. Па и ние еднаш да не сме последни.

Замислете свет без Кардашијан

Фино што замисливте, не значи дека ќе го добиете. Иако интересот за нивното реално шоу е толку опаднат, што се појавуваат трачеви дека ќе го откажат, нив најверојатно ќе им биде гајле - наплаќаат пола милион долари за пост на Инстаграм, што е точно пола милион повеќе отколку што наплаќате вие.