Поженска пијачка од ова не ќе се роди

Во мај годинава, една нова компанија за производство на пијалоци пушти линија џин со име - Колаџин, и со тоа стана првиот бренд што меша жестоко со состојката што се бори против стареење - колаген. Значи, како што кажавме - види наслов.

Производителите се Камила Браун и Лиз Бесвик, да се живи и здрави, и сега пијалокот го произведуваат и во розева варијанта - Колаџин Пинк Роуз - сладок, цветен, направен од дестилирани ружини ливчиња.

Види наслов уште еднаш.

Цената е 36.99 фунти, односно 40 евра за шише, а внатре има ванила, ликорис, розев грејпфрут и ова. Како и оригиналниот Колаџин, ја има тајната состојка - 100 милиграма колаген, кој инаку го гледаме во производи за нега на кожа, за подобрување на цврстината и еластичноста на кожата.

преубав.

„На мисија сме да го разубавиме светот на жестоките пијалоци и да создадеме џин што може да го има по шанкови, но и каде што ни стојат производите за разубавување,” објаснува Браун. „Оригиналниот Колаџин се продава одлично, па кога бевме замолени да направиме розев џин, решивме дека ќе им го дадеме она што бараат. Со додавањето на ружата, сè уште е суптилен и мазен, но повеќе ќе им одговара на љубители на џин што сакаат послатко. И изгледа неверојатно во шишето со розева нијанса.”

Уште еднаш, види наслов.

Сепак, пред да се одлучите дека креми со колаген не ви требаат и дека само џинот ќе заврши работа, нека ви биде јасно дека ако звучи предобро за да биде вистинито - најверојатно е.

„Секое шише има 100 милиграми чист колаген во прав и сите состојки се избрани поради нивните подмладувачки карактеристики, но сепак, не тврдиме ништо во однос на здравјето и овој џин, затоа што, на крајот на краиштата, ова е сепак алкохол,” изјавува Браун за Гуд Хаускипинг. „Но, ако веќе пиете џин, барем пијте го со бонус колаген. И вкусот е одличен.”

Ние нема да го пробаме - достапни ќе бидат само 800 шишиња, и ќе се продаваат локално, во август сè додека трае залихата. Значи еден ден.

Сепак, нели е ова најженската пијачка евр?

7 август 2019 - 14:14