Барби како нас

Разведена е. Пие вино, пуши трева и има еден куп розеви пушки. Повраќа, крвари и оди во тоалет. Пцуе во јавност, има трансродови пријатели и често покажува среден прст. И од некоја причина, има еленски рогови.

Со други зборови, Trophy Wife Barbie нема врска со обичната Барби.

Trophy Wife Barbie е креација на Анелис Хофмајер од Торонто и благодарение на нејзе има и Инстаграм.

„Куклите се безбедни и ни дозволуваат да проектираме чувства на нив. Јас ја користам Trophy Wife Barbie да ги истражувам родовите прашања и модерниот женски идентитет, притоа истакнувајќи ги ограничувањата на етикетите. Роговите се физички приказ на етикетата што и е наметната. Убавината во користењето на Барби-иконографија е дека сум во можност да ја отстранам цензурата и да дискутирам на попредизвикувачки теми,” вели уметничката.

И богами, какви теми се тоа. Џабе ги пуштаат тие политички коректни варијанти - дебела Барби, трудна Барби, црна, азијатка, покриена, или оние досадни тетки што им ја бришат шминката и им плетат грозни џемперчиња за да ги направат попристојни... Ова е уствари, Барби како нас:

извор

14 август 2019 - 14:06