Природата како инспирација за коса

Природата е нешто што не ни е доволно често тема на муабет, а треба да ни биде, нонстоп. Урсула Гоф, фризерка од Канзас, успева и на работа да си ја донесе.

Се инспирира од природни феномени и уметност, а како празно платно ѝ служат косите на клиентите. Резултатите ги споделува на Инстаграм, каде што има над 130.000 следачи и на нејзиниот сајт. И богами, имате таму доста за гледање.

Просто, те тера да ја испеглаш косата и цел ден да се движиш како со стап во газ за да не се измести:

На Инстаграм има уште.

20 август 2019 - 15:55