Хари Стајлс нема да биде принц Ерик

Голема чест и задоволство ни е да ве известиме дека пејачот Хари Стајлс кој во последниве 10 години изгледа како да е 14-годишен - нема да го глуми Ерик во новиот „Малата сирена” на Дизни.

Мука видовме уште кога се почна со шпекулации, а уште попоразително беше кога се читаа коментари од типот дека е совршен за улогата. Уморот од дискутирање на тоа дали Ариел треба да биде црна го направи своето, „Кралот лав” личеше на емисија за животни, а „Дамбо” фрли пола детска популација во депресија, па едноставно - губиш интерес.

Сепак, The Wrap носи добри вести - одбил.

„Некои луѓе рекоа дека Стајлс е фан на проектот, но сепак ќе го прескокне.”

А многумина беа уверени дека е готова работата, до тој степен што два од најголемите синџири на кина во Америка твитнаа дека е потврдено (сега тие твитови се избришани).

Сега останува да почекаме дали таа отужна претстава од римејкови на совршени Дизни цртани ќе добие светла точка, па ќе изберат некој поадекватен и поинтересен принц Ерик, или ќе продолжиме да го игнорираме трендот.

А зошто го игнорираме трендот?

Па, тоа е лесно:

Глупи едни.

15 август 2019 - 16:07