Не.
Се освестува Холивуд, ама за нешто друго: малцинства се многу лукративна ствар! Стави луѓе со арапско потекло во „Аладин” - кеш и хвалоспев! Стави глумци од африканско потекло како гласови за „Кралот лав” - уште повеќе кеш и хвалоспев! Па, што ќе фали тогаш, ако ставиме токен-црна женска и „Малата сирена”? Статистиката покажува дека најјако ќе ни биде!!!
Има само една цака овде.
„Аладин” бара арапи.
„Кралот лав” бара црнци.
Такви се приказните.
Е, извинете, Ариел бара белци. Слободно својата кварна природа можеа да ја исползуваат со црн жетон за Урсула. За Себастијан (оф корс, Јамајканец!) Ама светот ко да не се дава, колку и да сака да го поддржи достојното претставување на СИТЕ на филм, па како да ги лови дека се вклопуваат во поентата на Get Out на Џордан Пил.
Ако ви текнува, (СПОЈЛЕР!)
.
.
.
.
Џордан Пил прикажа дека не живееме веќе во расистичко општество во основната смисла на зборот. Расизмот сега лежи во - „црнци се модерни, ај сите ќе бидеме црнци.” Поточно, бидејќи се работи за хорор, едно висококласно, белечко маало киднапира недолжни црнци, и им прави магија да им ја потисне душата, за белци да им го населат телото. Зошто? Затоа што е модерно. Буквално е тоа, и поентата на Пил во филмот е многу јака, иако нам овде ни е далечна, од проста причина што таа раса ја немаме.
И, да, црни девојки ширум светот се воодушевени што Ариел ќе биде со нивната боја, ама никако да им текне дека упорно нивната боја се искористува.
Ние, разговнети во борба со ветерници и згрешени химни сигурно нема ни да ги научиме на тоа, ниту па пукнавме да ги браниме како еден глуп сељак што бранеше Јапонци на Тамблр.
Уште потрагично е што отпрвин, реакциите беа како од лоботомирани ликови во Get Out:
„БАШ ФИНО!”
„ЛЕЛЕ, МНОГУ УБАВО… АМА… ВЕ МОЛАМ КОСАТА ДА БИДЕ ЦРВЕНА.”
„БАШ УБАВО ЗА ДЕВОЈЧЕТО, АМА… МОЖЕ САМО КОСАТА ЦРВЕНА?”
Со страв, бе. Постепено, срамежливо се појавија и такви со „А, зошто не како оригиналот?”, па беа пречекани со потсмев и „Видете ги расистиве!!!” и „Сирена е, и онака е измислен лик, што има везе!”
Додека не се охрабрија сè повеќе луѓе и не почнаа со аргументи од типот дека се работи за скандинавска приказна (барем, на таа се има потпрено Дизни), дека не би било фер и Тиана („Принцезата и жабата”) одеднаш да биде бела (замислете ја таа хајка!), и како, ако веќе се ложиме на диверзитет, тогаш зошто да не се избере природно црвенокоса девојка? Да не ги има и нив премногу по филм?
Во целава ситуација, најтажно е што девојката избрана за Ариел најверојатно највеќе ќе го изеде. Никој не се сомнева во нејзиниот талент, ниту способноста да ја оживее Ариел на филмско платно, ама ако им беше дојдено до кеширање на нечии чувства за припадност, можеа да ја спремат „Принцезата и жабата” веднаш после „Кралот лав”.
Нели, кога веќе запнаа да заработуваат и од римејк-ови што се 15 класи потапа од оригиналите кои сами по себе беа совршени.
Ама па, и што се труди интернетот не е баш јасно кога Бел од „Убавицата и ѕверот” беше Ема Вотсон.
На крајот на краиштата, Хали Бејли, девојката што ќе ја глуми Ариел е преубава, наводно има фантастичен глас, а приказната е толку јака, што не е дека треба да очекуваме лош филм (Аладин беше така малце, боливудски). Мелиса Мекарти ќе биде Урсула, на пример, и тоа е интересно за чекање.
Само да се разбереме дека баш и нема будали.