Калуѓерките што заработуваат 60.000 долари годишно - на марихуана

Местото е Мерсед Каунти, Калифорнија. Интересно е што одгледувањето марихуана за производство таму е нелегално. 

Сестрите од долината е фарма во богатата (со земјоделски производи) Централна долина во Калифорнија. На прв поглед, личи на сите други фарми во комшилук, што одгледуваат фини и дозволени работи од типот на бадеми, боровинки и други здрави растенија. 

А еден тесен, измалтретиран асфалтиран пат меѓу две големи фарми за бадеми води кон идилично место, со две сини куќи - во едната живеат овие несекојдневни земјоделци, а во другата се случуваат сите бизнис операции.

Бизарно? Калуѓерки продаваат трева, заработуваат илјадници, а никој не ги закача - и тоа во држава каде што нонстоп полиција влегува и корне нелегални грмушки. Треба да имаш храброст, мудрост и акал за тоа.

Можеби ѓаволот лежи во фактот што овие баш и не се вистински калуѓерки, редот не им е осмислен на тој начин и немаат врска со католичката црква. Ни ставот, ни одењето ни наочарите за сонце не им личат како да се следбеници на некоја од познатите религии.

Сепак, нивните производи не се психо-активни - значи нема да се надувате, нивото на ТХЦ е ниско. Она што е високо е ЦБД - состојката што ублажува болка.

Сепак има една божја работа во сето ова, значи:

7 август 2019 - 14:42