Мејкап револуција со 40 производи

Трепки со својства на жмигавци. Зошто? И зошто да не, бе?

Фразата „револуционерен производ” сме ја слушнале толку многу пати во изминативе 20-30 години, што малце ни е гад, ама факт е дека многу од работкиве на списокот подоле можат да се наречат револуционерни.

Се разбира, дел од нив можат да се наречат и благо „бизарни” и малце „гадни”, ама во основа, сè е многу занимливо.

На пример, стапче за маскара што се врти кај четката под прав агол, за полесно нанесување. На пример, производи што полека се доближуваат до она, како апарат за сликање, што Лилу на Мила Јовович го искористи за шминкање во „Петтиот елемент”.

Од невозможните - глитер што не се растура и не останува засекогаш во секоја сфера од твоето постоење.

Од гадните, она првото, гел со влакненца со кој можеш да си ги пополниш ретките веѓи. Ама како што ќе рече некој во еден од коментарите под видеото, „Од каде доаѓаат тие влакна?”

Налепници, тетоважи и ленти наместо моливи и тушеви за очи.

Трепкисо својства на жмигавци. Зошто? И зошто да не, бе?

 

16 август 2019 - 10:00