Едно ново истражување покажува дека кога луѓето им се обраќаат на кучињата со истенчен, разлигавен глас, тоа им помага подобро да комуницираат и да се поврзат со нив.
Универзитетот Јорк во Велика Британија го извел ова важно истражување. „Се разбира, јасно ни е дека кучињата не можат да зборуваат, па сакавме да знаеме дали ваквиот начин на зборување воопшто има некаква функција за нив, или е едноставно нешто што имаме тенденција да го користиме со нив, како со крзнени бебиња.” Ова е изјава од авторот на истражувањето Алекс Бенџамин, која патем, како и секоја горда мајка потсетува дека ако сакате, можете да го следите нејзиното крзнено бебе Купер на Инстаграм.
Претходни истражувања за ваков тип на комуникација покажуваат дека лигавењето прави чуда со кутриња, но не функционира многу кај возрасни кучиња.
Но!
Бенџамин и нејзината екипа откриваат дека ова е малку покомплицирано. Истражувањето е направено со 69 возрасни кучиња, кои слушале еден човек, кој со истенчен глас им велел „Ти си добро куче” и „Сакаш да шетаме?”. Друг глас, без вештачење им кажувал обични човечки работи од типот „Бев во кино синоќа.”
Се пратело вниманието на кучињата за време на двете обраќања, па после ги пуштиле да бираат со кого сакаат да си играат и да комуницираат.
Потоа, обраќачите смениле: им зборувале на кучињата ствари што би ги занимале, но со обичен глас, а за кино со лигавење, за да видат дали обраќањето како на бебиња ги влече, или самите зборови.
На крајот, се покажало дека кучињата повеќе сакаат да се дружат со човекот што зборува и за работи што ги интересираат и со бебешки глас. Со други зборови, мора да внимавате да ги покриете и двата параметри ако сакате да привлечете внимание на кутре.
Со мачки нема истражување, ама од сигурни извори можеме да ви кажеме дека, ако ништо друго, од себични причини ќе се научат дека кога им се лигавите ќе добијат нешто, па ќе дојдат.
Така што, тие што ви превртуваат со очи и ве зезаат кога ќе речете „ДАЛИ САКА ДА РУЧКА И ДА СЕ ШЕТА СРЕЌАТА МОЈА,” да ви се фатат.