Едно од последните интервјуа на Карл Лагерфелд

2018-та, Карл ја покажува пред-есенската колекција во Хамбург.

Фала богу за медиуми и Јутјуб, за да можеме макар на блиц да видиме како работат големите мајстори, плус, наместо само да читаме за нив и од нив, да чуеме и сами да си кажат како функционираат, со глас.

„Сакам уште две копчиња,” скоро мирољубиво инсистира Лагерфелд, што прв професијата моден дизајнер ја доведе до позиција на рок-ѕвезда. Со тоа и од прилика ни станува јасно - голема е разликата меѓу две копчиња минус и две копчиња плус. Можеби не ни е јасна до крај, ама производот е - милиони ширум светот ужалени што ништо повеќе нема да видиме од него лично.

Лагерфелд отиде во вечните модни ловишта на 19-ти февруари, 2019-та година, на датум безобразно симетричен, како да го планирал.

Вака се поздравивме.

2 септември 2019 - 00:01