Жената што ќе го спасува светот од поплави

Измислила паркови кои собираат и штедат вода, и ваков има во Бангкок. 

Ако сме реални, паркот зазема само 0.003% од површината на Бангкок. Но, едно е сигурно - вака се почнува. Кочакорн Вораком е архитектка и нејзиното решение за спас од поплави треба сериозно да се разгледа од страна на светските влади. Поточно, можеби во моментов веќе се разгледува, ние не би знаеле затоа што кај нас се разгледуваат некакви други работи, но, некаде далеку, преку виножитото, луѓето активно размислуваат (и градат!) на начин на кој можат да се доближат до разбирачка со природата.

Имено, дното на паркот е накосено и кога врне, водата се собира во езерце. Под површината има резервоар кој ја собира и штеди водата, која потоа во денови на суша се користи за наводнување на растенијата.

Во план ѝ е да изгради уште вакви паркови.

А ние? Па, гранката што нè држи сама сигурно нема да се исече.

22 август 2019 - 03:05