Во светот на инфлуенсерските романси

Тана Монжо и Џејк Пол, Јутјуб-парот толку јавен и бесен што изгледа сцениран, ве канат на: „нешо шо секако го правиме од забава и задоволство”, што е „еден од најважните денови во нашата кариера” и е почеток на „72-дневен Кардашијан брак.” Тоа е покана за свадба. И чини 50 долари да се гледа во живо.

Монжо и нејзиниот не-баш-сопруг Џејк Пол се двајца дваесет-и-кусур-годишни Јутјубери умрени по скандали, чија комбинирана бројка на фанови е над 25 милиони. Врската им почнува случајно, со Снапчат видео од Монжо во кревет што фановите го препознаваат како креветот на Џејк Пол. После два месеци интернет-шпекулации дека врската е лажна, Пол објавува дека ќе се венчаат со безобразна песна (Денот кога ја запознав Тана, таа ја изеде мојата банана). Свадбата на која присуствуваше и имитатор на Опра Винфри и имаше наместена тепачка, не беше официјална. Тана не беше на медениот месец, па фановите пак по нивно - ќе се раскнувало. Секој момент е калибриран за максимум медиумска реакција, максимум шпекулација, максимум внимание - и ова се сè инфлуенсерски валути.

Лажните врски, смислени за публицитет се долгогодишна пракса меѓу инфлуенсерите на социјалните мрежи, па и кај потрадиционалните селебрити фаци.

Со тоа што, не го смислија ова Јутјуберите, ако веќе ви зовре да ги дигнете на васпитни шамари. Ова се случува одамна, уште од стар Холивуд, дали за публцитет, дали да се сокрие хомосексуалност (Спенсер Трејси и Кетрин Хепберн си биле брада меѓусебно, наводно). И тие биле масовно покривани од папараци, со тоа што, во време кога не постои интернет, единствен начин да забележиш дека е нешто лажно било да се пикнеш директно во куќата на парот. Затоа и им се верувало, а им се верува и денес, со тоа што повремено се појавуваат проблеми како кај Кристен Стјуарт и Роберт Патинсон чија врска сите се преправаат дека не беше за публицитет и турнеја на Твајлајт.

Денес, кога имаме социјални мрежи, дифолтот е дека луѓето лажат додека не докажат дека не лажат - сите парови се лажни, луѓето што велат дека се заедно се најверојатно и во брак, итн. Како целиот свет да е трансформиран во World Wrestling Entertainment, кои обожаваат прикаски и сценарија, а компанијата ги тера да ја оддржуваат илузијата и надвое од рингот - пракса што се вика kayfabe. Проблемот е што, според Бенџамин Литерленд, предавач по медиумски студии на еден англиски универзитет, kayfabe е сè полесно и полесно за разобличување. Интернетот на фановите им дава сè повеќе пристап до приватните животи на борачите и повеќе не е така едноставно да се оддржува таа илузија. Затоа и има нови проблеми: самопрогласени „паметни фанови” ги закачаат манипулациите на WWE, а WWE смислува нови, уште побизарни приказни за да ги радува. Ова опкружување на интрига и сомнежи е всушност просторот каде што живеат сите инфлуенсери, во пар или сингл - и не само што живеат таму, туку и учат и како да го искористат.

Ќе се изнагледаме уште многу.

2 септември 2019 - 00:00