Публиката се надева на „нова ера на телевизиски екстраваганци за долна облека.” Баш така пишува на i-d.vice.com, веројатно со референца на скандалите што го пратат шоуто на Викторијас Сикрет уште од лани. Ријана (затоа што е цар) изгледа има намера баш тоа да го постигне. Како за почеток, пушта фини парчиња и неонски бои, наместо проблематични изјави за медиуми. А вчера на Инстаграм објави дека шоуто доаѓа на 20-ти декември, после њујоршката модна недела.
„Работиме на создавање на најхраброто, супер-енергично искуство што можете да го замислите!” Веројатно можат да се очекуваат изведби во живо, а Тајра Бенкс, крилца и пиратски колекции најверојатно не.
Патем, ако не ви е јасно за што е Ријана способна, да се потсетиме:
Облеката тука, папата тука, ако заборавивте како го освои светот - тука.
Тука колку е самоуверена, тука колку се разбира во инклузивност, и чисто за разонода - како се топи шминката на Ријана, онака.
Така што, јасно е зошто е светот толку возбуден.
„Шоуто The Savage X Fenty ветува досега невидено и вистински уникатно искуство и се радуваме што на муштериите ширум светот можеме да им овозможиме седиште во прв ред,” вели Џенифер Салке, директор на Амазон Студиос.
Таму каде што обично ги наоѓате работите што не ни се достапни веројатно ќе го има на 21-ви септември.