Месецов веќе објави дека ќе се здружи со ЛВМХ под чија капа се Кристијан Диор, Селин и Луи Витон меѓу другите и ќе стане првата црнкиња што креира оригинален бренд во рамки на луксузниот моден џин.
Во моментов сме благословени со ѕиркање во првата колекција.
Инаугурацијата покажува „структурирани силуети во неутрални бои што истакнуваат силни раменици, тесни струкови и голи нозе,” што во основа значи дека вриштат „Ријана”.
Претходно, Ријана соработуваше со Пума, креираше сопствена линија на долна облека и како што ни е веќе познато, направи револуција во индустријата за убавина, сè тоа за неколку години, а вика дека „полека еволуира низ модниот свет.”
Полека еволуирала, бе. Sвер.
„Прво носев, купував, ме препознаваа по стилот, па соработував со брендови. Не сакав само да го залепам името на нешто и да продадам лиценца,” вели Ријана. „Сакам да учествувам и затоа сакав да се одвива полека и да добијам почит како дизајнер.”
А овој свет е познат по тоа што е непријателски настроен кон аутсајдери што не се вклопуваат во традиционалниот калап - историја за која е Ријана е многу свесна, па поради тоа е посветена без грам воздржаност да ја слави и бојата на нејзината кожа, без тоа да биде токенизирано.
„Црн си каде и да одиш. И не знам дали е тоа среќа или несреќа, затоа што јас уживам што сум црна. Така што, жалам за тие што не уживаат во тоа, прво тоа се гледа, пред да се чуе мојот глас,” вели таа. „Има и други фактори. Млада сум. Нова сум во таа фамилија. Жена сум. Сите фактори се во игра, но немам намера да се извинувам за тоа и нема да се повлечам од тоа дека сум жена, црна, и имам мислење. Водам компанија и токму тоа дојдов и да правам. Тука сум затоа што се заинтересирани што имам да понудам.”
Облеката ќе се продава во поп-ап продавница во Париз од 24-ти мај, па ќе биде достапна на сајтот на Фенти неколку дена подоцна и ќе биде инклузивна и за величина и за полови.
„Сега сум крупна и со облини,” вели Ријана, „што значи ако сама не можам да си ја носам облеката, нема да функционира, така? А мојата величина не е ни најголема. Поблиску е до најмалата што ја имаме.”
Значи не почнуваат од минус 12-ка.
Ние сме благодарни.