Вестите ги потврдуваат извори од внатре, кои инаку немаат овластување да зборуваат во име на компанијата, а коментар нема ни од ЛВМХ ни од Ријана, иако неодамна е фотографирана на улица со мистериозни Фенти очила за сонце што може да се од ваква колекција. И без разлика што деталите не се познати, ова е сериозен пресврт во модниот свет.
Комбинацијата на Фенти и ЛВМХ ќе биде најјасниот израз досега, на тоа како славата, социјалните мрежи и инфлуенсерите го редефинираа балансот на моќ меѓу културата и потрошувачката, и ќе го промени начинот на кој брендови од секаков вид се поврзуваат со нивната публика.
Значајно е и што, и покрај бројот на познати и почитувани дизајнери кои во моментов се уште важат за невработени во индустријата (Албер Елбаз, Стефано Пилати и Питер Копинг), ваков џин како ЛВМХ решава да инвестира во поп-ѕвезда.
Козметичкиот бренд на Ријана инаку направи лом, главно поради огромната понуда на производи за сите бои на кожа, веќе има 6.3 милиони следачи на Инстаграм и магазинот Тајм го прогласи за една од 25-те најдобри иновации на 2017-та.
ЛВМХ низ годините често креира (или барем дискутира за креирање) брендови од нула, ама го нема направено тоа од Кристијан Лакроа во 1987-ма, поради трошоците (Лакроа го продадоа во 2005-та). Претпочитаат да купуваат веќе изградени имиња.
Сепак, за разлика од многу други, Ријана е јавен профил и комплетно формирано, глобално популарно име. Плус, очигледно е дека разбира како нејзините различни платформи и вентили за изразување можат да се надополнуваат и не покажува никаков интерес да ги батали. Сè уште не се знае каква форма ќе земе нејзиниот бренд, каде ќе биде базиран и каква структура ќе има односот со ЛВМХ, па дури ни дали ќе влезе под името Фенти, како се досега.
Ама таман е заклучокот на Њујорк Тајмс:
Минатата година, на Мет Гала на тема „Божествени тела: Мода и католичка имагинација” влезе со мини-фустан со корсет на Мартин Марџела, наметка и митра, а на социјални мрежи ја крунисаа како папа на модниот свет. И од оваа гледна точка, изгледа треба да се сфати како знак за она што следува.