Шефот на Викторијас Сикрет се извини

Бидејќи нели, во денешно време и добар ден да кажеш на некој што не се осеќа доволно прифатен, треба да се извиниш.

Во едно интервју, покрај тоа што успеа да ги навреди, главниот маркетинг директор на Викторијас Сикрет, Едвард Разек несакајќи даде многу едноставно објаснување околу долгогодишното досаѓање „ЗОШТО НЕМАТЕ ДЕБЕЛИ” и „ЗОШТО НЕМАТЕ ТРАНСРОДОВИ”.

Кажа:

„Сум размислувал да земам трансродови манекенки во минатото, но заклучив дека на компанијата не ѝ е таргет целиот свет.”

Ете, толку било едноставно.

Си отвараш фирма и си викаш „мене таргет ќе ми бидат рудари.” И кога ќе дојдат пожарникари да ти кукаат „е зашо да немаш пожарникари” некако, стварно не знаеш како да реагираш, па си ќутиш.

Па, ќе пробаш да објасниш.

И пак ќе ти се качат на глава.

Главно, проблемот е што рекол дека ревиите на ВС се „фантазија”, и со тоа повредил чувствата на сите што не спаѓаат под фантазија за овој седумдесетгодишен човек.

Во постот пишува:

„Мојот коментар во однос на инклузија на трансродови манекенки во ревијата на ВС звучи бесчувствително. Се извинувам. Да бидам јасен, секако дека би најмиле трансродова манекенка. Ни доаѓале на кастинг… И како и многу други, не поминале.”

И продолжува:

„Воопшто не се работи за пол. Го почитувам и со восхит го гледам нивниот пат до прифаќање на она што се.”

Од јавни извинувања до сега научивме дека се џабе и дека по социјални мрежи секако го јадеш.

Па така, голем дел од транс-публиката избра да не го прифати извинувањето, додека исто така голем дел од plus-size публиката се најде повикана да плаче и по нивното извинување.

Еден твит имаше дури и од типот „што беше тоа Викторијас Сикрет”, како на Офф.нет што му прават!

Најјако.

Во уште една, веќе вирална изјава, Разек вели:

„Ако прашувате дали сме помислиле да земеме трансродова или крупна манекенка, сме помислиле. Ние ги измисливме plus-size ревиите во нашата сестринска дивизија, Лејн Брајант. Таму уште се продава plus-size долна облека, но продава одреден избор, како и секој бутик во светот што продава одреден избор на облека. Како и ние. Продаваме на тие што ни се пазар, а не ни е целиот свет пазар.”

И како заклучок, вели: „Пробавме да направиме специјално шоу со plus-size манекенки во 2000-та. Никого не го интересираше. Сè уште не ги интересира.

Некои објаснувања се толку едноставни.

13 ноември 2018 - 10:02