Како розевото јајце направи револуција во светот на шминката?

Јајцето што живот значи.

Риа Ен Силва го измислува и ја основа компанијата Beautyblender - заоблената алатка за нанесување шминка што ја популаризираа Кардашијани, Хајди Клум, Меган Маркл, а пред нив најверојатно и побитни, само кој да ги знае.

Силва работела на видео, филмови и телевизија во текот на целата кариера, но на сунѓерчето и текнало на снимањето на серијата Girlfriends во рани 2000-ти. Причината? Тоа е прва серија што ја снимале во high-definition, па одеднаш, старите начини не биле доволно добри.

Од тогаш, бјутиблендерот се продава во милиони парчиња вредни милиони долари и станува алатката што го смени светот на шминката. Само минатава година се продадени 9 милиони, а од 2009-та - 50 милиони бјутиблендери. Вака дури и малку ни се чини, само што бројката би била и поголема кога не би имало варијанти од други брендови (и кинески, се разбира).

Еве го, малото розево јајце за шминка:

22 август 2019 - 03:25