Ти стига детето до возраст на која „почнува да разбира.” Имаш уште минимум едно, поголемо. Решаваш дека ќе ги носиш во Дизниленд. Уште нетргнати, скокаат со енергија на илјада ласици од Луни Тунс. Влегувате внатре. Ја сфаќаш фразата „Господ напомош”.
Инаку, комичарот Џон Крист нема деца, ама скечот го прави од искуство, затоа што растел со 7 браќа и сестри.
Неговиот заклучок за „Родител во Дизни” им доаѓа толку познат на луѓето што видето има над 20 милиони прегледи.
И, како што ќе каже еден сардисан на темава:
„Јас... Си ги однесов денес прв пат децата во Дизниленд. Буквално никогаш повеќе. Како да тераш овци, со пердув, во центар на вулкан.”
Еве го Крист на Фејсбук.