Да беше ова пред неколку години, ќе му го подадеше пивото на дечкото и ќе му танцуваше гола. Сепак, сега живееме во време кога брендовите се возат на Female Empowerment™, па таа седнува на кауч и сама си го пие пивото, очигледно без градник. Текстот вели, „Coors Light - Официјално пиво за преку глава од носење градник”.
Арва Мадави од Гардијан која прави осврт на рекламава дофрла и дека Coors Light е „Пиво за луѓе што сакаат да пијат вода од садопер”, но сепак признава дека прслук и пиво во комбинација за реклама се доста освежувачка тема.
Индустријата за пиво веројатно полека се освестува за фактот дека многу жени пијат пиво, а и дека сексизмот не се исплати, но сепак е ретко да се види реклама каде што облечена жена пие пиво сама дома. Овде има еден проблематичен аспект - смртноста поврзана со алкохол кај жени е во пораст - но, од друга страна бар е добро што се гледа како се кршат конвенционални наративи во реклами.
Она што можеби е најосвежително кај кампањава е сепак искреното признание дека градник е ѓаволот. Најозбилно, упорно е ѓаволот, а 2019-та дојде. Дошле роботи, ховербордови, автономни возила, ама уште е борба да најдеш удобно парче што истовремено нема да те чини колку рата за стан и убаво ќе изгледа, особено ако имаш потреба од нешто над Б-корпа.
И не само што е болно и неудобно, туку има и непријатни последици - истражување од 2015-та има покажано дека не можејќи да најдат квалитетен спортски градник, многу жени се откажале од вежбање (😉).
„Една од причините што многу жени се шетаат во лоши градници е што, како и пивото, рекламите за долна облека се исто така осмислени за мажи. Фокусот е на „бивањето секси”, не на функцијата. Затоа што, кому му е гајле што на жените им е неудобно?” негодува Мадави.
Среќа па, сме барале, сме нашле и сме споделувале долги години, при првото налетување на некоја „ветена земја” за веш.
Затоа, следниот пат кога ќе начекате H&M не го игнорирајте делот за долна облека - баш заради него, целиот претходен параграф на „зашо не ни прајте добри прслуци” паѓа во вода.