Инстаграм им го менува ставот за среќа на Генерација Z

Кога си ги средуваме животите за на Инстаграм, има една емоција за која што работиме обично: среќа. Но, среќата што „ја изведуваме” не може да е поконтра од вистината.

Кога Инстаграм најави дека пробува како ќе биде без лајкови, видовме дека се излуде масовно, а она што не видовме е дека почнаа шпекулации околу тоа како ова ќе влијае дури и на музиката и уметноста. Се зборуваше и дека се работи за елаборативна маркетиншка финта за да се зголеми продажбата на промоции, а имаше и вирално видео каде што една инфлуенсерка липаше во очај дека ќе ѝ влијаело на бројот на следачи. Одлично време да се биде жив, нели, но, за секој еден скептик, уште десет души почнаа да се појавуваат со пофалба за промената и тоа од веќе познати причини - Инстаграм баш и не е најздрав за памет.

Напротив, стана алатка за регулирање среќа.

„Поддржува еден систем, со самото свое постоење,” вели 21-годишната студентка Џо Бекер - активист од Шкотска со профил на Инстаграм за оддржливост. „Мораме да бидеме убави на одреден начин за да се вклопиме во одредени категории. Јас не си ги средувам сликите, освен за светло и квалитет. Таков ми е политичкиот отпор.”

Одбивањето да се средуваат слики може личи како мала ствар, но природата на тоа средување за Инстаграм и строгите стандарди на кои нè принудува сепак ја прават значајна.

Кога си ги средуваме животите за на Инстаграм, има една емоција за која што работиме обично: среќа. Но, среќата што „ја изведуваме” на Инста не може да е поконтра од вистината. „Инстаграм е механизам за акредитација, како табела за статистика,” објаснува писателот и политички економист Вил Дејвис. „Да не те сакаат на социјални мрежи значи дека воопшто не те сакаат. Статистички, ти си нула.” Имаше и на Блек Мирор ваква епизода.

Одобрувањето што го добиваме на социјалните мрежи е можеби дизајнирано да се маскира во среќа, но крајните ефекти се многу поинакви од вистинска среќа, привлечност или почит. На крај излегува дека не си се допаѓаме едни на други, туку ни се допаѓаат меѓусебно производите што сме ги креирале.

„Младите внимателно бираат како ќе го прикажат животот и чекаат одобрување,” објаснува психотерапевтката Денис Дан. „Добиваат одобрување, но однатре се мртви. Знаат дека луѓето им ја сакаат сликата, а не нив и нивните вистински животи. Па, ставаат уште филтрирани слики. Излегуваат кога не им се излегува, сликаат за Инстаграм за луѓето да мислат дека се забавуваат. Да се ангажираш на Инстаграм е да се ангажираш во свет на слики и објективизирање. Не е важно колку лајкови имаш, на крај секако ќе се чувствуваш неподобно.”

Често опишувани како осамени, под стрес и романтично неисполнети, држи вода дека Генерацијата Z и миленијалците конекции бараат онлајн. Но тоа не значи дека му ќутат на убер-средениот Инстаграм свет. Под стрес и осамени? Добро, ама Генерација Z е и политички најангажирана генерација што сме ја имале до сега. Лесно се фаќаат за бојкот, а и за поддршка на бренд кој се базира на нивние општествени брендови, статистички 83% донираат во добротворни цели и се први во активизам за климатски промени.

„Среќата и доброто ментално здравје треба да се центар на нашиот политички свет,” вели Бекер. „Немаме ни време ни инфраструктура да искусиме различни типови на среќа или да бараме ментална добросостојба. Мојата генерација бара промени - не ни е до крај јасно како ќе стигнеме до таму, но знаеме што сакаме.”

22 август 2019 - 02:51