После девојкава, ниедна фризура нема да ви изгледа екстремно

Замисли се шеташ по улица, а на глава имаш животно направено од коса. Коса во форма на животно. Како оние долгнавести балони што ги виткаат во  пудлици, ама девојкава се служи со коса. Сопствената и тоа.

Летиција Ки, си прави фризури на кои гравитација ништо не им може. Решила дека ќе си ги почитува локните уште во 2012-та, и тоа не само дека ќе ги почитува, туку и ќе ги искористи за да покаже и докаже некои работи. Првата скулптура од коса (да, буквално се скулптури, штета што не можат долго да траат) во вид на две раце вирално се раширила во 2017-та и од тогаш Ки ужива интернет популарност.

Иако голем дел од нејзината уметност е од шала, сепак обрнува внимание и на општествени проблеми од типот на #MeToo, сексуално малтретирање, насилство со огнено оружје, еднаквост меѓу половите, боди позитивити и стигматизирање на менталните болести.

Овде раскажува како прави скулптури од косата, кој дел од уметноста ѝ влијае, надежите кои ги вложува во луѓето и што тие можат да научат од нејзините креации.

23 август 2019 - 00:00