Порано, пред некои 100 години, се бричеле само мажи и тоа на бербер, од причина што користењето на оние ултра-ретро бричеви било опасно.
Во еден момент, на сцена стапува Кинг Камп Жилет (да, како натпреварувачка од Руполс Драг Рејс звучи) и ја носи иднината на својата империја во вид на безбеден брич, што денес заради него го викаме „жилет” и го нуди на машката популација.
Ова брзо станува популарно, па во обид (драматично) да го зголеми бројот на купувачи, Жилет почнува да им се обраќа на жените преку популарните женски списанија. Ги лови на финти како „во Европа никој нема влакна под мишка” и ги убедува дека треба да се срамат од тоа.
Резултатот - веќе ви е познато денес што значи Жилет.
Е сега, нефер било што жените ги нафурале да се бричат со лажење и влијаење... Ама нели може да се помириме дека сепак некои (повеќето) жени сакаат да бидат мазни, дури и во приватноста на сопствениот дом?
Инаку, неодамна се обидоа да ја поништат оваа историја со еден гест.